Овие грешки може да доведат до прекин и на најсреќната врска - внимавајте да не ги правите

Ова се некои од најчестите грешки коинекои од нас ги прават, а може да доведат до прекин на врската: 

Посесивност

Ова е нешто низ кое не поминуваат сите парови, но ако сепак се случи – може да биде лизгав пат до нешто што ќе ве повреди. Кога едната страна е посесивна, другата ќе се чувствува како да не е почитувана и сакана. Во некои случаи, може да доведе до емотивна злоупотреба, па затоа е важно веднаш да ги фрлите тие „црвени знаменца“.

Не покажувате почит

Кога ќе влезете во врска со некого, мора да си покажете меѓусебна почит. Ако сте себични и неразумни кон чувствата на партнерот, тоа ќе заврши со раскинување и болка. Почитувајте ги неговите одлуки и неговата личност.

Постојано ја преиспитувате врската

Кога сте подготвени за тоа дека врската нема да ви успее, веројатноста дека тоа навистина ќе се случи се зголемува. Постојаното преиспитување за тоа дали врската е долготрајна и дали вреди не е воопшто здраво за неа.

Ги споредувате врските

Теодор Рузвелт убаво кажал: „Споредувањето е крадец на радоста“. Ова е многу важно за вашата врска. Вие и вашиот партнер никогаш нема на ист начин да ги правите нештата како другите. Нема да ја работите истата работа, да го имате истото минато или плати како останатите парови. Па затоа, најважно е да се фокусирате на животот кој заедно го создавате, а не на животот кој мислите дека треба да го имате поради тоа што некој друг го има.

 

 

 

24.01.2018 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега