Вигенин: Бугарија се плаши од политиката во Македонија

АКо Македонија сака да стане членка на ЕУ, треба прво да ги надмине суштествените проблеми со своите соседи и да ги реализира реформите кои од нес ги очекува ЕK. Тоа не е лесен и брз процес, но нема друг пат.

Ова за бугарската редакција на „Дојче веле“, го изјавил шефот на бугарската дипломатија, Кристијан Вигенин.

- Добрите односи со Македонија за нас имаат големо значење. Со жалење треба да констатирам дека во последните години се забележува определен дефицит во односите меѓу двете држави. Во голем степен веројатно тоа се должи и на фактот што последниве години во Република Македонија владее тенденција на засилување на национализмот, што неизбежно води кон продлабочување на недовербата меѓу нас. Негативната кон нас медиумска кампања, обидите за присвојување на историските собитија и личности, претензиите за „македонско малцинство“ во Бугарија и ред други факти создаваат упорни стереотипи во македонското општество, што пак од своја страна раѓа реакција во бугарското општество, вели Вигенин.

Вигенин смета дека е неопходна политичка волја и засилување на дијалогот меѓу официјалните власти за да се постигне позитивната атмосфера меѓу двете страни. Според министерот, добра основа била и официјалната средба меѓу двајцата премиери на 28. јули во Ќустендил.

- Бугарија се чувствува заплашена од спроведувана политика во Република Македонија во последните години, политика која не беше предизвикана од ништо. Напротив, Бугарија од самото создавање на Република Македонија ја поткрепува новата држава во секој однос. Но, кога сѐ поцелно се поставува под прашање бугарската историја, бугарското културно-историско наследство, се промовира непостоечко македонско малцинство кај нас не можеме да ги затвораме очите, рекол Вигенин.

Вигенин смета дека сега Македонија е на ред да ја покани бугарската преговарачка екипа за подготовката на договор за добрососедство и соработка меѓу двете страни.

- Досега се извршени четири рунди преговори во рамките на договорот.  До овој момент таква покана уште не е дојдена, но се надеваме таа да стигне во најскоро време. Постојат три спорни прашања за чие решавање е неопходна силна политичка волја од страна на македонското раководство. Сметаме дека раководството на Република Македонија не е ентузијастички настроено кон договорот, но Бугарија опстојува на негово потпишување и имаме дадено јасни сигнали до македонската страна дека по ова прашање нема и не може да има промена. Потпишувањето на договорот ќе овозможи целосен развој на соработката и ќе ги надмине постоечките задршки на Бугарија во однос на давањето датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ - објаснува Вигенин во интервјуто.

 

02.09.2013 - 13:28

најчитано сега