Сенатот изгласа доверба на Владата на Енрико Лета
Со 233 гласа „за“ денеска италијанскиот сенат изгласа доверба на Владата на премиерот Енрико Лета. Од вкупно 310 сенатори, „против“ се изјаснија само 59, додека 18 беа воздржани, изјави претседателот на Сенатот Пјетро Грасо. Гласањето во Сенатот беше последниот тест за новата Влада, чиј премиер вчера ја претстави амбициозната програма пред Претставничкиот дом, кој потоа му изгласа доверба.