Ламке треба да биде „лекот“ за челичниот Стоилов

И селекторот на Германија, Кристијан Прокоп за натпреварот со Македонија направи една промена во составот. Фин Ламке кој не допатува со репрезентацијата, дополнително беше повикан на ЕП. Дефанзивецот на Мелсунген синоќа пристигна во Загреб и ќе има специјална задача, да го сопре Стојанче Стоилов, како и Жарко Пешевски.

„Селекторот Прокоп има голема почит за македонските пикери, Стоилов и Пешевски. Токму затоа во вторникот вечер во Загреб пристигна Ламке, тој ќе биде задолжен да го сопре овој тандем на противникот“, пишуваат германските медиуми.

Ламке ќе настапи на местото на ракометарот на Лајпциг, Бастијан Рошек. Toj е најдобриот блокер од мундијалот во Франција и беше изненадување што не се најде на скратениот список. Кај нас, Гонзалез на располагање ќе го нема Филип Лазаров, шанса ќе добие Велко Марковски.

Извор: Спорт Медиа.мк

 

 

 

17.01.2018 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега