#СегаКажувам, #TaniTregoj „ја тресе“ Македонија - Не молчете за сексуалното насилство

Откако холивудските ѕвезди се кренаа и кажаа за сите тортури, малтретирања и силувања, сега јавно почна да се зборува за оваа болна тема и кај нас.

Македонија почна да ја следи кампањата за подигнување на свеста за сексуалното вознемирување, па на социјалните мрежи со  хаштаг #СегаКажувам#TaniTregoj, жените кои претрпеле сексуално насилство зборуваат за проблемот.

#СегаКажувам#TaniTregoj и јас и сестра ми имаме приказни, имам ќерка и нема да дозволам да се повтори: директор на туристичка агенција, јас бев девојче на обука- Треба да ти направам една фото-сесија со златни бои искината маица само на тебе, на свеќи, што велиш? НЕ! ; Доктор (гинеколог) - Дојди во Среда сестрите не се тука, ајде да те гушнам, не се секирај.... (Гушка) Го осеќаш?; вториов на пациентките им дава да потпишат согласност дека нема да го дискредитираат. И не, нема да пројде, "епа таков е тој", "не треба пред него многу дотерана"!!! Ало, вагинални прегледи прави вториов!!!

- Имам кажано и друг пат, ама немам пријавено. 
Бев силувана. Знам и туѓи приказни, слични на мојата.
Се тресам дури го пишам ова. Не знам дали е паметно да стои јавно? Дали е паметно воопшто да кажам?

Ова се само дел од објавените исповеди.

 

 

 

17.01.2018 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега