Генералниот секретар на НАТО во Скопје - средби со државниот врв

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Столтенберг утре напладне ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Република Македонија.

Се очекува генералниот секретар на Алијансата да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со министрите за надворешни работи и за одбрана Никола Димитров и Радмила Шекеринска, со лидерот на опозицијата Христијан Мицковски, и со лидери на други политички партии.

Во рамките на посетата, како што информираа од Владата, предвидена е заедничка прес-конференција на Столтенгерг со премиерот Заев в четврток во 16 часот во прес-центарот на Владата.

Беше најавено дека утре пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го прекинат бојкотот за да го слушнат неговото обраќање.

 

 

 

 

17.01.2018 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега