Вибер има нова опција: Толку е добра што веднаш ќе почнете да ја користите
Корисниците на Вибер, отсега ќе може да користат уште една нова опција - можност за размена на фотографии и видеа кои ќе бидат избришани после гледање.
По снимањето на фотографија или видео запис (во Виберовата апликација) во горниот десен или долен лев агол ќе се појави прешктран часовник преку кој корисниците можат да изберат време по кое ќе избришат слика или видео од примачот по отворањето.
Периодот за бришање на пораки може да се стави на една, три или седум секунди.
И покрај тоа што Вибер доцни со ваквата апликација, сигурно ќе стане многу популарна меѓу милионите корисници на оваа услуга за комуникација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа