Китев: Бугарија ја сметаме за наш пријател
На денешната седница во Собранието, пратениците на СДСМ и ДУИ, Бетиан Китев и Ејуп Алими, испратија оптимистички пораки околу Договорот за добрососедство со Бугарија.
„Бугарија ја сметаме за наш пријател. Нивното претседателство е историска шанса за Македонија. Членството во НАТО и ЕУ се наши стратегиски приоритети. Зацртаните определби ќе ги оствариме само со државнички водена надворешна политика“, истакна Китев.
„Македонија и регионот веќе имаат добиено задачи за спроведување на реформите. Бугарија може да помогне многу во затоплување на односите меѓу земјите од регионот“, порача Алими.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа