ФОТО: Македонски кошаркар повреден во дискотека

Чудна повреда заработил кошаркарот на Куманово Ивица Димчевски. Како што јавува Екипа, тој не се повредил на тренинг туку во дискотека откако на неговата нога, паднала маса.

- Се надевам дека ова ќе биде последен малер за мене. Се здобив со незгодна повреда, и тоа на бизарен начин. Ми падна маса на ногата и снимките покажаа дека се работи за напукнување на коска во стапалото. Првите проценки се дека ќе отсуствувам две седмици и се надевам дека потоа конечно повредите ќе ме заобиколуваат, вели за Екипа, Ивица Димчевски.     

01.09.2013 - 20:58
Фото: 
Екипа

најчитано сега