Во Англија се случи мистериозно убиство

 

Триесетгодишен англичанец и неговата дваесетгодишна партнерка се пронајдени мртви во базен, во луксузниот хотел Дуан Хол во Хатфилд Хит. Пред смртта заедно со останатите гости и двајцата учествувале во популарната игра мистериозно убиство.

Телата ги рпонашле останатите гости и судиите кои учествувале во играта. Откако повикале полиција и итна помош, била константирана нивната смрт. Причините за истата засега не се познати, а поради фактот што во овој хотел често се случува да се игра оваа популарна игра, гостите на почетокот сметале дека полицијата всушност има улога во дел од претставата. 

“Ги видовме полицијата и новинарите и помисливме дека се е толку добро изведено” рекол еден од гостите.

Полицијата наредила да се направат и токсиколошки анализи, а резултатите од обдукцијата би требало да бидат познати до крајот на денот.

најчитано сега