Демонстранти во Атина се пробија до резиденцијата на Ципрас

Група демонстранти, кои денеска протестираа против новите економски мерки што треба да бидат воведени по предлог на грчката Влада, успеаја да се пробијат до резиденцијата на премиерот Алексис Ципрас. 

Грчкиот Парламент денеска ја започна дебатата по новиот предлог-закон, кој е на 1.326 страници и со кој треба да се воведат новите мерки. Партениците треба да гласаат за законот в понеделник.

Предлог-законот предвидува нови кратења на социјалната помош, построги усови за штрајковите и мерки за воведување електронска продажба на имотите под хипотека, чии сопственици не можат да ги вратат кредитите што ги земале. 

Грчката полиција соопшти дека при денешните протести еден полицаец бил хоспитализиран со полесни повреди, што ги здобил додека се обидувал да ги спречи демонстрантите да се пробијат до забранетата зона околу премиерската резиденција.

Подоцна лицата кои протестирале мирно го напуштиле местото и нема податоци за упасени.

За вечерва во Атина се најавени нови протести против владините мерки.

 

 

 

 

10.01.2018 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега