Решете се од габичната инфекција на ноктите со помош на само две состојки

Габите на нокти навистина можат да претставуваат проблем. Сепак, овој проблем можете да го решите на природен начин.

Треба да се грижите за хигиената на нозете. Обрнете внимание при миење на нозете добро да ги избришете (исушите) зошто во спротивно се влажни, а тоа е совршено место за создавање на габи. Ова природно решение може да ви помогне со овој проблем.

Состојки:

2 лажици сода бикарбона

половина шоља јаболков оцет

сад со вода

Прво разредете го оцетот во водата, а потоа додадете сода бикарбона. Потопете ги нозете и киснете ги 15 минути, а потоа исушите со пешкир на крајот.

Повторувајте го ова двапати на ден и за една недела е забелжите подобрување. Сепак имајте на ум ако состојбата е лоша, мора да појдете на лекар.

Иако содата и оцетот имаат антибактериско дејство, сепак треба да внимавате на чевлите кои ги носите, да бидат чисти и да менувате редовно чорапи.

 

 

 

 

 

09.01.2018 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега