Вчера наполни 34 години - зошто севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун никогаш не слави роденден

Свернокорејскиот лидер Ким Јонг ун вчера наполни 34 години, но неговиот роденден сепак не се слави како празник во земјата.

За разлика од него, роденденот на неговиот татко се славел на  16. февруари како национален празник наречен „Ден на сјајните ѕвезди“. А, роденденот на неговиот дедо, основачот на Северна Кореја, Ким ил Сунг се обележувал како „Денот на сонцето“, пренесува Би-би-си.

Не е познато зошто не се слави роденденот на Ким Јонг ун, а според наведувањата е тоа што народот во моментов нема позитивна перцепција за лидерот. Снакциите кои се ововедени во оваа земја предизвикале потешкотии за работниците кои стравуваат дека ќе останат без работа и популарноста на Ким е на многу ниско ниво.

Единствен пример кога на Ким му била одадена почит јавно на неговиот роденден е кога некогашната НБА ѕвезда Денис Родамнај ја отпеал „Среќен роденден“ на изложбата за кошарка во Пјонгјанг 2014 година.

 

 

 

09.01.2018 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега