Во Кина живееле луѓе и пред 1,7 милиони години

 

Научници тврдат дека луѓе кои сами правеле свое оружје биле населени на голема површина на Кина уште пред 1,7 милиони години.

Човечкиот вид го почнал својот еволутивен процес во Африка, од каде се проширил на другите континенти. Научниците сакаат да откријат кога и каде отишле тие први луѓе, за да можеме подобро да разбереме како се одвивал процесот на еволуцијата.

Истражувале локација која се наоѓа на 150 км од Пекинг, каде се откриени 60 места од камено време, со илјадници камени орудија кои биле најдени на тие локации во 1972 година. Орудието било прилично едноставно, а научниците сметале дека тие предмети припаѓале на хомо еректус, претци на хомо сапиенс.

Точната старост на овие места долго била непозната. За да откријат, научниците го анализирале тлото на кое било најдено орудието на овој локалитет близу Пекинг.

Орудието за кое се зборува прво било употребувано за сечење и стружење. 
Научниците анализирале примероци од земјиштето на кое било најдено орудието, обидувајќи се да откријат како биле магнетизирани, а според тоа како се ориентирани минералите во магнетното поле, да откријат колку се стари. Откриле дека наоѓалиштето во Кина е старо 1,7 милиони години, што е 600.000 или 700.000 години постаро од тоа колку што се првичните претпоставки. Коњи, слонови и други фосили укажуваат на тоа дека ова земјиште каде е пронајдено орудието било плодно земјиште испресечено со шуми. Езерото меѓу планините било основен извор на вода, а планините биле потребни за правење на камено орудие. Постои сомневање дека миграцијата во источна Азија во текот на раното камено време, е последица на заладувањето и сувата клима во Африка.

Ако земеме предвид дека уште порано се откриени артефакти и коски на хомо еректус во јужниот дел на Кина, овие нови откритија се доказ дека изумрени човечки видови населувале огромна територија на Кина. Откриено е дека хомо еректус населувале голема површина на Кина пред 1,7 или 1,6 милиони години. 

31.08.2013 - 11:39