Сирија очекува напад во секој момент
Сирија очекува секој момент да биде нападната, изјави неименуван претставник на сириските безбедносни служби за дел од западните медиуми.
- Ние очекуваме агресија секој момент и сме подготвени да одговориме на истата, посочи неименуваниот извор.
Неговата изјава уследи откако инспекторите на ОН ја напуштија Сирија и веќе се наоѓаат на меѓународниот аеродром во Бејрут. Аналитичарите, претходно истакнаа дека Сирија нема да биде нападната се додека инспекторите на ОН се во земјата.
31.08.2013 - 11:06