Цел арсенал оружје пронајден во куќа во Порој

 

Полицијата во селото Порој во Тетовско пронајде цел арсенал оружје кај свајца тетовчани.

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера попладне извршија претрес во куќата на 20-годишниот И.А во тетовското село Порој, а при претресот  во плакар во една од собите на куќата, пронајдена е автоматска пушка, завиткана во крпа, две рамки со вкупно 38 куршуми калибар 7,62 милиметри, ловечка пушка калибар 12 милиметри , ремен со 11 патрони, 7 куршуми за „Магнум“  357, метален пендрек, гумена полициска палица, 16 искористени СИМ-картички и оружен лист на име на 73-годишниот А.А.

Вчера, исто така, извршен е претрес и во куќата на 28-годишниот А.К во Порој. При тоа, пронајени се: пиштол „Шадлер“ со 16 куршуми калибар 7, 62 милиметри, две торби со шест гранати за рачен ракатен фрлач калибар 40 милиметри, една чаура со таков калибар, двоглед, автоматско оружје од непозната марка и калибар од југословенско производство, гасен пиштол „Екол-туна“ калибар 6,35 милиметри со четири куршуми, еден пригушивач, 6 мобилни телефони, фантомка, неколку парчиња облека и обувки.

 

најчитано сега