Поради удар од гром, авион наместо во Грција се приземји во Бугарија

Авион на авиокомпанијата „Визер“ кој леташе од грузискиот град Кутаиси кон Кавала во Грција, принудно се приземји во Бугарија, откако претходно го погодил гром, соопшти аеродромот во Кутаиси- пишува Макфаст

„Авионот се приближувал кон Кавала, кога го удрил гром и бил принуден да слета на аеродромот во  Софија. Превозот на патниците од бугарската престолнина до Кавала ќе биде обезбеден од авиокомпанијата“ додава  аеродромската управа.

Според податоци на грузиска телевизија, патниците повеќе од пет часа се во Софија и очекуваат да пристигне помош.

 

 

 

30.12.2017 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега