Мигрант од Либија нападнал вработен од прифатниот центар во Визбегово

Пријавителот бил удрен со тупаница во пределот на главата.

Полицијата денес соопшти дека во текот на вчерашниот ден околу 11:00 часот 41- годишниот З.Ч, вработен во Прифатниот центар за азиланти во Визбегово, пријавил дека бил нападнат.

Тој пријавил дека истиот ден околу 10 часот и 30 минути во ходникот на административната зграда физички бил нападнат од страна на лице барател на азил, евидентиран како 35- годишен М.М од Либија.

Пријавителот бил удрен со тупаница во пределот на главата.

Причина за нападот било тоа што М.М. ја побарал јакната на З.Ч. и откако овој не му ја дал, физички го нападнал.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

29.12.2017 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега