Се обидел да спречи тепачка, па добил ќотек и завршил во Градска болница

Пријавителот отишол да ги раздвои. Додека ги раздвојувал Ѓ.А. му се заканувал и го удрил со шлаканица, а потоа откако В.Т. отишол кон излезот на угостителскиот објект Ѓ.А. уште една го сопрел и го удрил со тупаница во главата.

Рно утринава околу  03 часот и 35 минути 27- годишниот В.Т пријавил дека истиот ден околу 01 часот и 30 минути во угостителски објект на бул. „Илинден“ ги видел М.Д. и Ѓ.А. како се расправаат и во еден момент забележал како Ѓ.А. го удира со глава М.Д.

Пријавителот отишол да ги раздвои. Додека ги раздвојувал Ѓ.А. му се заканувал и го удрил со шлаканица, а потоа откако В.Т. отишол кон излезот на угостителскиот објект Ѓ.А. уште една го сопрел и го удрил со тупаница во главата.

По настанот В.Т. се упатил во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

 

 

29.12.2017 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега