Дете заврши на Ургентен во Скопје по напад од куче

Вчера во 14 часот и 20 минути во Ургентното одделение на гостиварската болница било донесено 14-годишно девојче од село Симница со тешки телесни повреди.

Во извештајот од МВР се вели дека по укажаната лекарска помош, девојчето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Девојчето се здобило со повреди додека пеш се движело по улица во село Долна Бањица, при што било нападнато од куче-бездомник и бегајќи од кучето, таа паднала и се повредила.

 

 

 

 

29.12.2017 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега