СДСМ очекува ВМРО-ДПМНЕ да се врати во пратеничките клупи по празниците

СДСМ очекува ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието по новогодишните празници и работата да продолжи напред во интерес на сите граѓани. Ова денеска го истакнаа на прес-конференција од партијата.

– Убедени сме и се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушти старите практики за деструкција и кочење на процесите и  оти веднаш по Новата година ќе се врати во Собранието и заедно со парламентарното мнозинство ќе работат на сите позитивни законски процеси во интерес на граѓаните, рече генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски на денешната прес-конференција, потенцирајќи уште еднаш дека се отворени вратите за соработка.

Нагласува дека тие се демократска власт и дека има слобода за секој пратеник.

 

 

 

29.12.2017 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега