Изберете една положба во која најчесто седите, а вашиот избор ќе ви открие важни работи

Знаете ли дека начинот на кој седите може да открие многу за вас. Еве што тоа вели за вашиот карактер:

Позиција А:

Сакате да ги запоставувате и игнорирате проблемите, надевајќи се дека ќе си заминат. За жал, личните незадоволства ги пренесувате на луѓето околу вас, ценејќи го само сопственото време и сопствените емоции. Комуникацијата ви оди од рака, интересни сте, креативни и шармантни, а на моменти дури и детски симпатични. Одвреме навреме знаете да кажете нешто, без претходно да размислите за последиците.

Позиција Б:

Имате изразена имагинација. Полни сте со нови и добри идеи кои често се ценети на работното место. Не ви се допаѓа рутината и сакате да патувате и да создавате нови пријателства. Немате проблем да почнете од дното и од почеток, доколку сте несреќни околу одредена работа. Никогаш не го трошите времето на врски и луѓе кои не ве прават среќни, но и на работа која ви ја црпи енергијата.

Позиција Ц:

Удобноста ви е на прво место. Кога сакате да купите или направите нешто, обично одлуката ја анализирате со денови бидејќи сакате сè да биде совршено и на свое место. Пребирливи сте и перфекционисти. Но, за чудо одлично функционирате во хаос. На моменти може другите да ве перципираат како арогантни, бидејќи често не обрнувате внимание на она што другите имаат да го кажат.

Позиција Д:

Секогаш сте точни и не сакате луѓе кои доцнат. Интелигентни сте, но и чувствителни. Важна ви е смиреноста и хармонијата. Отворени сте пред целиот свет и не се плашите да ги искажете емоциите. Имате мали потешкотии да прифатите критики, бидејќи ги сфаќате како личен напад, од кој мора да се одбраните.

Позиција Е:

Никогаш не се брзате и секогаш верувате дека она што е ваше, ќе си дојде во свое време. Упорни сте и тврдоглави и никогаш не се откажувате од своите цели. Инвестирате во изгледот, бидејќи сметате дека тој е пресуден за успех. Но, на моменти имате проблем со несигурноста, па заради тоа имате проблем и да прифатите критика.

 

 

 

 

29.12.2017 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега