Полицијата со детали за страшната несреќа во Скопје: Влетал на тревникот, се забил во ограда, па усмртил таксист

Околу 1 часот и 30 минути по полноќ во Скопје на булевар „Србија“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило  „Ауди А4“ управувано од 28-годишниот Ѓ.Д.  од Скопје се судрило во патничко моторно возило „Пежо 207“,  управувано од страна на 60-годишниот А.М. од Скопје.

Возилото преку тревникот поминалo на коловозните ленти од спротивната насока и удрило во оградата на бензинската пумпа, по што удрило во такси возило марка „Шкода Октавијa“ управувано од 58-годишниот Т.Ј. од Скопје.

По незгодата, возилото „Ауди А4“ се запалило и целосно е опожарено. Сите возила кои учествувале во сообраќајната незгода се со скопски регистарски ознаки. Во сообраќајната незгода на место на настанот починал Т.Ј., додека  тешка телесна повреда (фрактура на колено)  е констатирана кај сопатникот од  „Ауди А4“, 21-годишниот  Б.М.  од село Сопиште.  

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Сообраќајот на бул. „Србија“, на делот од крстосницата со булеварот  „Јане Сандански“ до крстосницата со булеварот „3-та Македонска Бригада“, бил во прекин во двате насоки од 1:30 часот до 5:30 часот. 

 

 

 

29.12.2017 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега