Божиќното селфи на Меланија на мета на критики (фото)

Првата дама на САД, Меланија Трамп, за Божиќ го објавила своето прво селфи. Иако под фотографијата добила голем број позитивни коментари, Меланија се нашла на мета на критики поради божиќното селфи кое го објавила на својот профил на Твитер.

 Покрај пораката "Среќен Божиќ", и божиќните мотиви, 47-годишната Меланија направила и популарен "Duck face" и заводливо позирала, но коментарите кои ги добила сигурно не ги очекувала, пренесуваат американските медиуми.

"Срамно за прва дама, Божиќ или не. Изгледаш како модел за насловна на "Hustler". Претпоставувам дека постарите и сиромашните ќе ја ценат оваа фотографија со која ти и твојот сопруг покажувате како не се грижите за нив, туку само за своите пријатели милионери во Мар-а-Лаго", напишал под фотографијата на Меланија твитерашот.

"Многу навредливо за позицијата прва дама", гласи друг коментар.

"Се сеќавам што мојата баба зборуваше за стилот. Или го имаш или го немаш, без разлика колку пари имаш. Во Белата куќа моентално нема стил", искоментирала уште една корисничка на Твитер.

 

 

 

 

29.12.2017 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега