Се судриле па со возилото се забил во него: Скопјанец почина на лице место, возило изгоре

Во 1 часот и 30 минути по полноќ се случила страшна сообраќајка на булеварот Србија во Скопје, кога автомобил ауди А4, управуван од 28-годишниот Ѓ.Д. се судрил со Пежо 207, управувано од 60-годишниот А.М. од Скопје.

Возилото од силината на ударот поминало на другата лента на улицата, во спротивна насока, удрило во оградата на бенизнската, па се забило во такси управувано од 58-годишниот Т.Ј. од Скопје.

Возилото Ауди по несреќата се запалило и целосно изгорело. 

За жал, во несреќата починал Т.Ј. на лице место.

Возачот на Аудито има телесни повреди.

 

 

 

 

29.12.2017 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега