Последен викенд годинава -какво ќе биде времето за Нова Година

 

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб локален дожд и слаб снег на планините и на некои повисоки места, претежно во западните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец, а кон крајот на денот од северен. Температурата ќе се движи од еден до 12 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со слаб локален дожд, и со слаб снег на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец, кон крајот на денот од северен. Температурата ќе достигне 10 степени.

За време на викендот и новогодишната ноќ се очекува стабилно и суво време, во сабота со слаб до умерен северозападен ветер. Од вторник ќе има извесно зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд. 

 

 

 

29.12.2017 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега