Корисни совети како да штедите струја

Потрошувачката на струја завзема значителна ставка од семејниот буџет.Токму затоа доколку се штеди струја, можно е да се подобри состојбата и на онака тенкиот џеб.

Енергетските стручњаци ги советуваат потрошувачите, со помош на мали заштеди на електрична струја, да заштедат и повеќе пари, бидејќи речиси и да не постои апарат кој го користиме во домаќинството од кој што не е можно да се заштедат одредени киловати.
На долгиот список се наоѓаат разни греалки, фрижидери, машини за миење садови и перење алишта, пегли, фенови ...

Сепак најважно е кога заминувате од куќата, повеќе од еден ден, задолжително да се исклучи ТВ приемникот, компјутерот, ДВД плеер, музичките уреди, принтерот, односно сите електрични уреди за да ја намалите потрошувачката на струја.

1.Греалка: Да се избегнува користење на греалки и калорифери како апарати за дополнително загревање на домовите.За да не ви се зголемува потрошувачката за затоплување да се користат термо печки и мермерни плочи.

2.Изолација: Со добра изолација занчително се заштедува на потрошувачката на струја.Изолацијата треба да биде добра и на ѕидовите, вратите и прозорците, а доколку се има радијатори тие да не се покриени со завеса.

3.Фрижидер: Овој уред троши знацително количество на струја затоа се препорачува термостатот да биде подесен на ладење од 3 до 5 степени. Исто така вратата од фрижидерот да не се отвора постојано, доколку нема потреба.

4.Пегла: Пеглата е апарат кој најмногу троши струја кога се вклучува во струја.Препорака за добрите домаќинки е да пеглаат повеќе парчиња алишта одеднаш, а не едно по едно.

5.Бојлер за туширање: Овој електричен уред треба да се вклучува само на евтина струја.Да се практикува туширање, а не полнење на кадата.На овој начин се заштедува и вода и струја.

6.Машина за садови: Машината за миење садови да се пушта доколку е целосно полна и само навечер на евтина тарифа.

7.Бојлерче за кујна:Најдобро е бојлерчето да биде проточно, оти тоа повеќе штеди струја.Доколку имате обично тогаш навечер да се исклучува и почесто да се чисти бигорот, оти со бигор троши повеќе електрична енергија.

8.Компјутер: Навечер компјутерот и мониторот да се ставаат на слип мод, оти така се заштедува значително струја. Анализите покажале дека годишно компјутерот троши и до 1.000 киловати електрична енергија.

9.Машина за перење и сушење алишта: Да се практикува помалку да се користат програмите кои што треба да постигнат висока температира, бидејќи новите детергенти реагираат и на пониски температури и може да се пере на 40 и 60 степени.Да се пушта само полна машина,а да се сушат алишта само по потреба.

10.Штедливи сијалици: Сијалиците задолжително да се искличуваат во просториите каде што не се претстојува, како на пример: во ходниците и на балконите.Се препорачува да се користат штедливи сијалици.

11.Шпорет: Да се готви задолжително на евтина тарифа, а поклопецот на лонецот да биде ставен, бидејќи така побрзо се вари јадењето, но и се штеди енергија.

12.Клима уред: Овој апарат најмалку троши енергија доколку се користи на темератури од 5 до 15 степени. На екстремно ниски и високи температури потрошувачката на струја е далеку поголема.

 

 

 

28.12.2017 - 23:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега