Овие улици утре до 15 часот ќе останат без вода

Прекинато водоснабдување утре од 9 до 15.30 часот ќе имаат корисниците од дел од улиците „Караорман“, „Загрепска“, „Леринска“ и „Ловќенска“ во Општина Центар. 

Прекинот е поради поврзување стара со нова водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на ул. „Караорман“ бр. 2, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување од ЈП Водовод и канализација.

Од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од дел од ул.„Аминта Трети“ во Општина Центар поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80 мм на таа улица. Прекинот ќе трае до санирање на дефектот. 

 

 

 

25.12.2017 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега