Прегазена жена на пешачки на Партизанска – итно пренесена со брза помош (фото)
Жена е прегазена на улицата „Партизански одреди“ спроти Градежен факултет кај трговскиот центар Буњаковец - пренесува Република.
Прегазена е додека поминувала на пешачки премин, од патничко возило Голф 3.
Во моментов на терен интервенира брза помош, по што прегазената ќе биде пренесена на Ургентен, пренесува Република.
25.12.2017 - 15:27
Фото:
Република
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа