Ѕинго му честиташе на Мицкоски: Нашата 12 годишна соработка ќе продолжи за поубава Македонија

Социјалистите му го честитаа изборот на Христијан Мицкоски за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека се надеваат на успешна соработка во иднина.

„Убедени сме дека нашата дванаесет годишна заедничка соработка ќе продолжи и во наредниот период со уште посилен интензитет во борбата за поубава и просперитетна Македонија, Македонија како демократска држава со развиена економија, држава членка на Европската Унија и НАТО.

          На Вас како претседател, на Вашата партија како носител на коалицијата ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА ни останува заедничка обврска да се соочиме со актуелната политичка криза која се уште трае, со сите предизвици пред кои се наоѓаме и цврсто да застанеме во одбрана на државните и националните интереси на Република Македонија“ – стои во честитката потпишана од партискиот лидер Љубисав Иванов Ѕинго.

 

 

 

 

 

25.12.2017 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега