Трактор се преврте во гостиварско: Повредено 11- годишно девојче

 

На локалниот пат што ги поврзува тетовските села Камењане и Јеловјане, вчера околу 13 часот и 30 минути, трактор „ИМТ“ без регистерски ознаки, што бил управуван од 59-годишниот А.И. од Камењане излетал од коловозот.

- 33- годишниот З.И и 11-годишно девојче од Камењане, кои седеле на импровизирана приколка од штици, паднале од тракторот и задобиле тешки телесни повреди - се вели во соопштението од МВР. 

Со друго возило, двајцата биле пренесени во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош префрлени се на скопските клиники.

Девојчето со скршеница на десната рака, задржано е за натамошно лекување, додека  З.И.  е пуштен дома. 

 

 

 

 

25.12.2017 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега