Откријте ги тајните кои се кријат зад стрелките на инструмент таблата

Колку пати ви се случило при доаѓање на бензинска пумпа во моментот да не можете да се сетите на која страна од автомобилот се наоѓа поклопувачот на резервоарот? Уште ако сте го промениле автомобилот или сте го позајмиле, тогаш сте во рацете на Марфиевиот закон.

За тоа да не се случи, сѐ што е потребно е да ја погледнете инструмент таблата и да ја побарате стрелката во делот каде што се наоѓа симболот за количина на гориво во вашиот резервоар, па така и полесно ќе се снајдете.

Можеби овој соет не е од голема важност, но секако вреди да се знае. Кај јапонските автомобили, поклопувачот најчесто се наоѓа на левата страна, додека Европјаните повеќе ја сакаат десната страна. Има и произведувачи кои одлучуваат поклопувачот да биде на страната на возачот за да не губи време, додека другите сметаат дека е подобро да се наоѓа на спротивната страна, од безбедносни причини, подалеку од патот.

 

 

 

25.12.2017 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега