Не фрлајте ги парите залудно - трикови како да заштедите електрична енергија

Зимата веќе започна, па многумина започнаа и да ги вклучуваат своите грејни тела во домот. 

Постојат неколку совети кои ќе ви помогнат да заштедите на сметката за електрична енергија оваа зима.

Греење
Греењето најмногу тежи на вашиот паричник. Еден од најефикасните начини да ја одржите саканата температура е добрата изолација. Тоа можеби е скапа инвестиција, но сигурно ќе ви се исплати во иднина. Дополнителната термоизолација ќе ја намали потрошувачката за 25 до 60 проценти. Исто така, ако се греете на струја, изберете грејно тело со термостат. 
 
Бојлер
За да заштедите топла вода, подесете го термостатот на болјерот на температура помеѓу 50 и 60 степени Целзиусови. Наместо да се бањате во полна када, туширајте се, бидејќи на тој начин се намалува потрошувачката на вода и струја. Од време на време, исчистете го болјерот од креч, бидејќи бигорот ја зголемува потрошувачката.
 
Машина за перење
Машината за перење обично троши 1-2 киловат-часа, а обично работи 3 часа. Ако ја вклучувате секој втор ден, месечно ќе потрошите од 45 до 90 киловат-часови. За да заштедите струја во процесот на перење алишта, вклучувајте ја машината после полноќ.
 
Фрижидер
Термостатот на фрижидерот наместете го на 3 или 5 степени. Избегнувајте да ставате топли тенџериња и редовно чистете го и отстранувајте го вишокот лед.
 
Шпорет
Една рингла на шпоретот троши 1.5 до 1.8 киловат-часови за 1 час работа, а греачот во рерната – од 2 до 4 киловат-часа. Садот во кој готвите гледајте да биде иста големина како ринглата и настојувајте да го поклопувате додека готвите. Ако ја користите рерната, термостатот мора да биде на максимум, но избегнувајте често да ја отварате вратата, бидејќи при секое отварање ја смалувате температурата за околу 15 степени.
 
Машина за перење
Перете ги садовите кога машината ќе се наполни, избегнувајте ги циклусите со висока температура (90 степени) и вклучувајте ја после полноќ.
 
Светло
Исклучувајте ги сјалиците кога излегувате од соба и не трошете електрична енергија залудно.
 
Електрични уреди
Практикувајте да ги исклучувате електричните уреди од штекер секогаш кога ќе завршите со употреба. Кога не го користите компјутерот на пример, ставете ги во Sleep мод, бидејќи во спротивно, годишно трошат и до 1.100 киловат-часови.
 

 

 

25.12.2017 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега