Направете ги овие пет работи и домот ќе ви биде полн со пари во 2018 година

Први јануари се ближи. Кој не би сакал „да се бања во пари“ и тоа што побрзо. За среќа новогодишната ноќ е блиску, а токму таа има неверојатна моќ и силна енергија која може радикално да ви го промени животот. Дали би сакале Новата година да биде продуктивна за вас, а посебно на финансиско поле?

Овие ритуали ќе ви помогнат да привлечете пари во претстојната година

Ташничка за собирање пари

Подгответе жолта, црвена или златна ташна. Ставете внатре 12 жолти парички и закачете ја на елката. Таков едноставен ритуал ќе ви помогне да останете финансиски успешни во текот на претстојните 12 месеци.

Две комбинации за облекување

Ако имате можност, погрижете се во новогодишната ноќ да имате две комбинации за облекување. Во едната треба да ја поминете минатата година, периодот до полноќ, а во другата ќе ја запознаете Новата година. Овој ритуал ќе придонесе за успех на сите полиња.

Свечена маса

За време на подготвката на свечената маса, под прекривката во средина на масата ставете нешто златно. Тоа треба да остане на масата до крај на празниците, а после тоа треба да го ставите во ташна и секогаш да го носите како амајлија.

Елката да биде на југоисток

Според Фенг шуи познато е дека југоисточната страна има поволен ефект на финанскиот раст.

Година на песот

Купете куче или играчка или синџирче за водење куче и ставете ги под алката. Така парите цела година ќе бидат во вашите раце.

 

 

 

 

25.12.2017 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега