Заев очекува Села да „легне на брашното“ во „министерството за носење бурек“

Премиерот Зоран Заев очекува лидерот на Алијанса на Албанците  да го прифати вицепремиерското место за реформи

„Се надевам дека ако нивната одлука е да останат во Влада, тоа значи прифаќање на потпретседател на Владата на Република Македонија за реформи“, изјави Заев.

Посочи дека ниту Арбен Таравари, ниту Зијадин Села го информирале и тој слушнал од медиумите за неговата одлука да оди како кандидат за градоначалник.

„Се работи за политичка партија која што има две пратенички места. Министерството за здравство е еден од најважните ресори во владата и во моментот кога беше понудено при концепирање беше дадена и заради кандидатот. Ние го понудивме местото потпретседател за реформи имајќи го предвид дека навистина е млада партија што ќе сака да се докажува. Верувавме дека тоа може да биде прифатливо за нив“, рече премиерот.

Зијадин Села на крајот од минатата работна недела по средбата со Заев рече дека на премиерот му порачал да направи ново министерство за „носење бурек“ и да му го даде на ДУИ, јасно алудирајќи на понудата за вице-премиерското место за реформи.
Сепак, доколку се остварат очекувањата на премиерот, ќе стане јасно дека Села можеби нема да „носи бурек“, ама сепак ќе „легне на брашното“

 

 

 

 

 

25.12.2017 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега