Ниту Дајана, ниту Кејт не ја имаат оваа титула - Меган е единствена од принцезите
Од актерка во американската драмска серија „Suits” до членка на најмоќното кралско семејство – тоа и појде од рака на Меган Маркл, што пак, и ја донесе титулата „Жена на годината“ според британското списание „Хелоу”.
Симпатична и опуштена, а истовремено доста грижлива, глумицата за кусо време го освои срцето на најпосакуваниот неоженет принц Хари, но и на целиот свет.
-Меган е поим и претставничка на новата генерација жени, кои можат се. Таа е одличен извор на инспирација, изјави биографот на принцезата Дајана, Ендрју Мортон, кој моментно работи на животната приказна на Меган Маркл.
Нејзе и успеа да и се допадне на инаку строгата кралица Елизабета Втора, така што таа годинава направи исклучок… Меган е поканета на тридневната божиќна прослава во Сандрингем, каде традиционално доаѓаат само членови на кралското семејство. Со таква почест не беа удостоени ниту Кејт Мидлтон, ниту Камила Паркер, ниту Дајана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа