Гостивар: Патнички воз удрил во камења кои биле поставени на пругата

Вчера, според извештаите на полицијата, во 18 часот и 10 минути  на дел од пругата  помеѓу железничка станица- Жеровјане и железничка станица-Гостивар, патничкиот воз бр.660, управуван од машиновозачот Ј. Н. кој сообраќа на релација Скопје-Кичево наишол и удрил во поставени камења на пругата.

Од ударот е предизвикана материјална штета (оштетување на моторот и карданот),  поради што возот застанал веднаш по ударот.

Повредени патници нема. Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин. Во 23,00 часот сообраќајот е нормализиран.

 

 

 

 

25.12.2017 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега