Драма во Скопје: На улица му впериле пиштол на дете

Татко на 12-годишник пријавил во полиција дека вчера во 19 часот на улицата „Дрезденска“ бб, поточно во близина на Основното Училиште „Војдан Чернодрински“, непознат сторител извршил разбојништво во обид над неговиот малолетен син.

Според пријавата разбојникот го прашал момчето колку е часот, по што од панталоните извадил пиштол, го репетирал и почнал да му пребарува по џебовите од јакната. Кога увидел дека нема што да му земе, избегал.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

24.12.2017 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега