Католиците вечер го празнуваат Бадник - утре Божиќ

 

Католичките верници и дел од православните христијани кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Бадник, во пресрет на Божик, раѓањето на Исус Христос.

Света литургија по повод раѓањето Христово - Божик вечерва ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. На светата литургија, како што најавија од неговиот Кабинет, ќе присуствува и вицепремиерот на Република Македонија задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.

Божик утре го слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари. 

 

 

 

24.12.2017 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега