Многу пресврти со времето до Нова Година

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, кон крајот на денот ќе има намалување на облачноста, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен ќе биде по должина на Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до минус еден, а дневната од три до 11 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до осум степени.

До среда ќе се задржи стабилно и суво време, со пораст на дневната температура.

Во вторник и во среда по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, а на повисоките места и на планините ќе дува умерен ветер, претежно од северозападен правец и ќе има умерена облачност.

Во четврток и петок ќе има локални врнежи од дожд, а во западните делови во вечерните часови врнежите ќе поминуваат во снег. 

 

 

 

24.12.2017 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега