Светската шампионка потпиша документи за еутаназија: Доста ми е од страдање

Марике Верворт ги живее последните денови од животот. Белгиската параолимпијка и светска шампионка на 100 метри ги потпиша документите за еутаназија и во очекување е на постапката.

-Не можам повеќе да се мачам. Депресијата е се посилна. Никогаш не сум била ваква. Постојано плачам. Ако постои Господ, тој е лошо момче бидејќи вака ме казнува“, изјави Верворт за британски „Телеграф“ додавајќи дека видот константно ѝ слабее, од ден во ден се чувствува се полошо, има несвестици, не може да јаде и болките се неподносливи.

Таа вели сите мислат дека сум како карпа, но не знаат што се случува.

На параолимписките игри во Лондон во 2012 година Марике освои злато во трката на 100 метри и сребро на двојно подолгата делница.

 

 

 

23.12.2017 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега