Домаќинставата кои се исклучени од парно ќе бидат ослободени од плаќање паушал

Домаќинствата кои се исклучени од централното греење во Скопје следната година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот, што во моментов го плаќаат, информира денеска Владата.

Проблемот со кој се соочуваат граѓаните Владата предвиде да го реши во рамки на новиот предлог Закон за енергетика, се наведува во соопштението од Владата. 

Во подзаконските акти на Законот за енергетика што ќе се воведе во текот на 2018 година се предвидени специфични решенија, со кои во рамките на законската регулатива ќе се реши оваа наследена ситуација, се додава во соопштението. 

 

 

 

22.12.2017 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега