Кучиња во Скопје повторно нападаа уште двајца граѓани- едниот завршил на ургентно
Уште две пријави во Скопје поради каснување од кучиња.
Вчера во Полициска станица Центар, 54- годишната С.С од Скопје, пријавила дека претходниот ден околу 14 часот и 30 минути на улица Јужен Булевар била нападната од куче скитник, кое ја каснало во пределот на левата надколеница.
Тоа било првиот случај а вториот исто така се случил вчера но нешто подоцна., околу 17 часот и 40 минути на улица Тиранска 49- годишниот С.Ѓ од Скопје пријавил дека бил нападнат од куче од расата шарпланинец, при што бил изгризан по телото, поточно стомакот, нозете и раката.
По нападот С.Ѓ добил медицинска помош во Ургентен центар-Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа