Одложено рочиштето за „Таргет-Тврдина“

Судијката Ленка Давиткова, го одложи денешното прво судење на споениот предмет „Таргет-Тврдина,поради неисполнување на законските препоставки за одржување на главната расправа. Судењето се одложува за 17 јануари.

Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот  директорот на УБК Сашо Мијалков и шефот на неговиот кабинет Тони Јакимовски. 

Адвокатите на Јанкуловска и Мијалков, на почетокот на рочиштето побараа судењето да не се снуима од медиумите бидејќи дел од обвинетите се уште се вработени во УБК.

 

 

 

 

22.12.2017 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега