Сепаратистите освоија мнозинството во Парламентот на Каталонија

Каталонските сепаратистички партии освоија тесно мнозинство во регионалниот Парламент на Каталонија, покажуваат прелиминарните резултати врз основа на 99 отсто преброени гласови од вчерашните вонредни избори. 

Трите каталонски партии кои се залагаат за независност на регионот заедно освоија 70 претенички места во Парламентот, што брои 135 пратеници.

Избори Каталонија

Коалицијата на поранешниот претседател на регионалната Влада Карлес Пуџдемон, Заедно за Каталонија, освои 34 места, Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ) - 32, а екстремно левичарската партија Кандидатура за народно единство (ЦУП) - четири пратеници.

На изборите најмногу гласови доби центристичката партија Граѓаните, која е против независноста на Каталонија, освојувајќи 37 места во Парламентот.

Избори Каталонија

Резултатите, од вчерашните вонредни регионални избори, се оценуваат како удар за шпанскиот премиер Маријано Рахој, кој ја разреши каталонската Влада и распиша вонередни избори, надевајќи се дека политичарите кои се залагаат за независност ќе останат надвор од власта во Каталонија.

Во првата реакција по објавувањето на резултатите, Пуџдемон оцени дека освоеното мнозинство на изборите претставува победа на „Каталонската Република над шпанската држава“.

Карлес Пуџдемон

Тој посочи дека, Европската унија мора да земе предвид дека решението на Рахој не функционира, како и дека тојдобил „шлаканица по лицето“ со резултатите од изборите.

Излезноста на вчерашните предвремени регионални избори во Каталонија беше рекордна од речиси 82 отсто. 

Сепак, резулатот од изборите отвора повеќе нови прашања отколку што даде одговор за иднината на Каталонија, каде долготрајниот притисок за независност доведе до судир со шпанската Влада пред два месеци.

 

 

 

22.12.2017 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега