Голем студ и неверојатно ниски температури во Македонија - измерени -12 степени

Минусни температури се регистрирани изутринава во цела Македонија. Најстудено - 12 е во Берово и во Маврово со - 11. Во Скопје се измерени минус девет степени, соопшто УХМР. 

Утринава преовладува студено време, во северните делови ведро со мала до умерена локална облачност, а во јужните делови умерено до значително облачно. Дува слаб северен ветер, особено на повисоките места и планините. 

Во текот на денот ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено долж Повардарието.Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 1 до 7 степени.

Во Скопје слично време. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 5 степени.

Утре ќе има зголемување на облачноста, а во северните делови и на планините ќе има повремен слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Од недела следува период на стабилно и суво време, од понеделник со значителен пораст на дневните температури.

 

 

 

 

22.12.2017 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега