Денеска судење за споениот предмет „Таргет-Тврдина“

Денеска, во Кривичниот суд е закажано рочиште за споениот предмет „Таргет-Тврдина“.

Во овој предмет се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот  директорот на УБК Сашо Мијалков и шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски.

Тие се обвинети за прислушување и уништување на опремата од прислушувањето вредна 10 милиони евра.

 

 

 

22.12.2017 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега