Судијата кој ја потврди казната за шесторката се огласи во врска со самоубиството на Праљак

Претседателот на Меѓународниот казнен суд за поранешна Југолсавија, судијата Кармел Агиус од Малта ја потврди првостепената пресудат за шеесторицата босанско-херцеговински Хрвати, откако еден од осудените, Слободан Праљак изврши самоубиство.

На прашањето како се чувствувал кога Праљак го испил отровот, Агиус вели дека бил шокиран како и сите останати.

-Нема да ја коментирам личноста поради почит кон неговото семејство и поради сите луѓе на кои им бил драг, но сметам дека тоа беше чин на очајник кој станал контрапродуктивен. Зошто? Од 7 милијарди луѓе колку нѐ има во светов, 6,5 видоа на телевизија, прочитаа во медиумите и сега знаат кој бил Праљак, дека се убил и тоа дека се убил откако судот го потврдил како воен злосторник. Тие 6,5 милијарди ништо не знаеле за случувањата во кои биле вплеткани босански Хрвати, било кои војници, било кои политичари, а сега знаат. Според мене, беше многу контрапродуктивно, но не би саал да коментирам затоа што сепак беше еден немил случај. Никој не очекуваше и секако бев шокиран, како и сите останати - изјавил Агиус во разговор за телевизијата Н1.

 

 

 

21.12.2017 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега