Чавушоглу: Одлуката на Трамп за Ерусалим ги вознемири и муслиманите и христијаните

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека не само муслимани, туку и христијаните, се чувствуваат непријатно и се вознемирени, поради одлуката на американската Администрација за признавање на Ерусалим како главен град на Израел.

Пред да замине во Њујорк на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации на кој ќе расправа за Предлог-резолуцијата за Ерусалим, Чавушоглу истакна дека Турција очекува силна поддршка од ова тело на ОН.

- Очекуваме силна поддршка од Генералното собрание на ОН за ова прашање, рече Чавушоглу.

Инаку, Турција остро го осуди потегот на САД за ставање вето на резолуцијата за Ерусалим во Советот за безбедност на ОН.

Претседателот на САД на почетокот на декември го призна Ерусалим како главен град на Израел, што предизвика остри реакции во меѓународната заедница, а пред се во арпаските и муслиманските земји.

Генералното собрание на ОН за денеска закажа итна седница по барање на група арапски и муслимански држави во врска со одлуката на САД за Ерусалим. 

 

 

 

21.12.2017 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега