Од обична караница до убиство во Чаир - видео од местото на злосторството
Настанот се случил во непосредна близина на местото на живеење на сега починатото лице, на улица Џон Кенеди спроти Средното училиште Цветан Димов во скопската населба Чаир. Првичните сознанија се дека пукањето следело по вербална расправија помеѓу сега починатиот и сторителот, по што сторителот посегнал по огнено оружје и го застрелал 24 годишното момче. Од здобиените повреди кај жртвата настапила смрт. Стоителот се дал во бегство, соопштуваат од ОЈО.
По наредба на јавен обвинител биле земени траги од место на злосторството, кои ќе бидат предмет на обработка во текот на истрагата. Издадена била и наредба за обдукција на телото на починатиот.
Основното јавно обвинителство Скопје информира дека работи на утврдување на фактите во кривично правниот настан за што јавноста ќе биде дополнително информирана.
Видео: Порталб
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа